
Отворен ВЕРО и „Jumbo“ маркет и во Куманово
ВЕРО ја прошири својата продажна мрежа во земјава со отворање на нов и модерен Веро и Jumbo маркет во Куманово. По Скопје, Тетово и Битола, Куманово е четвртиот град во земјава каде Веро има своја мрежа на маркети. Од менаџментот велат дека центарот е изграден и опремен според највисоките светски стандарди, нудејќи нови потрошувачки искуства за сите генерации.
„Веро е карактеристичен што нуди широк, богат асортиман на локални и странски производи, ексклузивни производи што се застапени само во Веро, всушност нуди едно ново шопинг искуство кое ќе биде задоволувачки за цело семејство и се надеваме омилено место за локалните граѓани на Куманово и локалната заедница“, изјави Петар Денковски- Генерален директор на „Веро“.