Сигурно до сега сте се сретнале со некој од познатите брендови Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay, кои од неодамна ги имаме и на македонскиот пазар. Брендови кои сигурно ќе ви овозможат да го пронајдете својот стил и да ја изразите својата исклучителност
Кој стои зад овие брендови?
Со овие пет реномирани брендови раководи групацијата „LPP SA” - глобална компанија со присуство на 38 пазари (директно и со продажба преку интернет), има 1.800 продавници и повеќе од 24.000 вработени во Европа, Азија и Африка. Од 2021 година „LPP SA” го проширува своето присуство и на македонскиот пазар, а наскоро и во повеќе македонски градови.
На прашањето Како се грижат за своите вработени, од компанијата велат:
Веруваме дека нашите вработени се нашата најголема сила. Заради тоа се трудиме тие да работат сигурно и удобно. Kако благодарност за нивната посветеност им ги нудиме на нашите вработени следните бенефити:
Поразговаравме со Елеонора Митева, која е дел од ЛПП од самите почетоци на компанијата во Македонија, а за овој релативно краток временски период, Елеонора напредува од вработена на позиција продавач, во Менаџер на продавницата Кроп (Cropp).
Што претставува за тебе работењето во ЛПП?
„Работењето во ЛПП за мене претставува работење во една позитивна средина, средина во која што сите споделуваме иста визија и сме посветени на иста мисија. Средина каде што има искрен кооперативен дух и каде што сечие мислење е важно. Претставува дефинирање на самата себе во сите предизвици, надоградба на моите вештини, градење на пријателства, издигнување на профисионален план.“ - објаснува Елеонора.
Опиши ни го твојот кариерен пат?
„Дел од оваа компанија сум уште од самиот почеток на нејзиното проширување во нашата држава. Започнав како продавач и со голема посветеност и желба за надоградба и успех денес, после скоро две години сум менаџер на продавницата Кроп. “
Што мислиш, зошто беше баш ти одбрана за новата позиција?
„Сметам дека мојата амбициозност, постојаната работа на себе како и мојот позитивен пристап се дел од причините зошто бев избрана за оваа позиција. Луѓето овде знаат да ги препознаат квалитетите кај другите и го вреднуваат тоа. Мене тоа навистина ми се допаѓа.“ - додава Елеонора.
Кои се твоите најголеми предизвици во работата?
„Понекогаш големината на обврските знае да биде предизвикувачка, но кога се работи со позитивен тим сè се решава лесно и едноставно.“
Кое е твоето лично мото кое те води низ животот и работата?
„Моето лично мото би било тоа дека сè е можно да се оствари, се додека човек цврсто верува во себе.“ - завршува Елеонора
Следете ја компанијата и бидете во тек со сите нови слободни позиции