Мултинационални компании се обврзаа да ангажираат и обучат над 250.000 бегалци во следните три години. Компаниите ветија дека ќе обезбедат работа и обука за илјадници бегалци во следните три години.
Амбициозната заложба, објавена во пресрет на Светскиот ден на бегалците на Европскиот бизнис самит го означува „најзначајниот збир на деловни обврски што некогаш биле преземени за унапредување на економската интеграција на бегалците“, велат од мрежата која стои зад самитот.
Водечките брендови вклучувајќи ги „Adidas“, „Accenture“, „Amazon“, „Hilton“, „PepsiCo“ и „Starbucks“ се обврзаа директно да вработат повеќе од 13.000 бегалци и да обучат повеќе од 86.000 лица.
„Amazon“ ќе вработи најмалку 5.000 бегалци, а компаниите како „Accenture“, „Indeed“ и „Microsoft“ се обврзаа да обучат околу 40.000 луѓе.
„Во однос на вработувањето, ние им помагаме со судски трошоци, советување, менторство, програми за обука, усовршување, јазик, лингвистика, сè, сè што можеме“, рече Џеј Офори Агбока, кој го води одделот на „Amazon“ за човечки ресурси ширум светот.
Извор: radiomof.mk