Американска регулаторна агенција првпат одобри две компании да продаваат пилешко одгледани директно од животински клетки. Со тоа се отвора патот за месо одгледано во лабораторија и негова продажба на потрошувачи, јавија американските медиуми.
Министерството за земјоделство на САД ги прегледа и одобри производите на Upside Foods и Good Meat. Од компаниите најавија дека производите ќе бидат достапни наскоро во одредени ресторани.
„Ова одобрување суштински ќе го промени начинот на кој месото доаѓа на нашата трпеза“, рече Ума Валети, извршен директор и основач на Upside Foods.
„Тоа е огромен чекор напред кон поодржлива иднина – онаа што го зачувува изборот и животот.
Извор: fokus.mk