HTCA Тренинг центарот Академик во Скопје постои заради подигање на стандардите за гостопримство во Република Македонија. Во соработка со една од најдобрите светски образовни институции во областа на гостопримството Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн SHL, HTCA работи упорно и темелно на подигање на стандардите во угостителскиот сектор. Нивната мисија се насмеани, ведри, компетентни, позитивни и соодветно наградени вработени во индустријата на хотели, ресторани и локали каде што врвното гостопримство е одлика на услугите.
ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАЈБАРАНИТЕ ПРОФЕСИИ И ЗАПОЧНЕТЕ КАРИЕРА ВЕДНАШ!
Обуките за келнери, бармени, рецепција, маркетинг и домаќинство започнуваат од 5 ноември 2018.
Стекнете се со меѓународно признат сертификат од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн.
Пријавувањето е во тек! Побрзајте и резервирајте го вашето место на ЛИНКОТ.
Повеќе информации на тел. 02 3110 227, е-пошта: info@htca.mk