Денес „Комуна“ ќе поставува водомери со цел да испита можни загуби. Како последица на овој процес без вода ќе биде поголемиот дел од град Крушево.
Се заблагодаруваме на трпението и повторно потенцираме на важноста од оваа активност, велат од ЈП „Комуна“ – Крушево.
Инаку, вчера информираа дека почна процесот на зафаќање на нови гравитациони извори и се поврзаа со резервоар во Норово. Како резултат се очекува недостатоците од вода во Норово да се сведат на нула.
Овој процес е важен затоа што потребата за вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица ќе се намали и истовремено ќе се пумпа помалку вода преку пумпната станица во Норово која фунцкионира на електрична енергија.
„Со зафаќање на нови извори ќе се обезбеди вода за с. Норово, но ова е важно за целата општина затоа што ќе се намалат трошоците кон Студенчица и за струја. Денес се завршува проектот со поврзување со резервоарот за вода и очекуваме недостатоците да се сведат на нула, но за тоа ќе бидеме сигурни во наредниот период“, велат од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево.