Компанијата Мета во чија сопсвеност се Инстаграм и Фејсбук, лансираше две алатки за поттикнување на корисниците да управуваат со своето време во апликациите.
„Овие ажурирања се дизајниранани да им помогнат на тинејџерите да почувствуваат контрола над своите онлајн искуства и да им помогнат на родителите да се чувствуват охрабрени да ги поддржат своите тинејџери“, објасни Мета.
Првата нова алатка ќе ги известува корисниците ако поминале повеќе време на Фејсбук.
Во меѓувреме, на Инстаграм ќе добијат „подбутнување“ ако апликацијат открие дека ноќе скролале по Реелс.
„Исто така истражуваме алатка на Инстаграм која им предлага на тинејџерите да ја затворат апликацијат ако гледаат Реелс ноќе“, соошти Мета.
Новите фунции доаѓаат набрзо по лансирањето на тивкиот начин на работа на Инстаграм, фунција која ги поттикнува корисниците да постават граници со своите пријатели и следбеници.
Првото ажурирање ќе предизвика корисниците да добијат известување ако поминале подолг временски период на Фејсбук. Тивкиот начин ги стишува известувањата и испраќа автоматски одговори на директни пораки.
Исто така, новиот статус „во тишина“ под името на профилот на Инстаграм, како и малата икона со полумесечина за други да можат да ја видат. Корисниците на Интаграм можат да го вклучат и исклучат тивкиот начин на работа во поставувањата на апликацијата и да изберат временски период таа да се вклучи автоматски.
Корисниците исто така ќе видат прашалник дали сакат да го вклучат нечујниот начин на работа откако ќе поминат неколку минути на Инстаграм доцна во ноќта. Тивкиот начин на работа им е веќе достапен на корисниците во Велика Британија, САД, Ирска, Канада, Австралија и Нов Зелан, но ќе биде воведен и на глобално ниво.