Со години, вработените мајки се под стрес од стереотипот дека нивните деца не добиваат доволно љубов, грижа и внимание.
Навистина е тешко да се балансира помеѓу родителството и кариерата, но науката вели дека децата на вработените мајки се подеднакво среќни како и оние на мајките кои остануваат дома, а честопати и поуспешни како возрасни.
Вината, неодобрувањето од средината и сомневањето во сопствените родителски вештини се чувства со кои се борат вработените мајки.
Но, студијата спроведена од професорката на бизнис школата на Харвард, Кетлин Мекгин, покажува дека вработеноста на мајката всушност не влијае на среќата на децата. И синовите и ќерките на вработените мајки се среќни како деца, и како возрасни.
Истражувањето на професорката Мекгин, исто така, покажа дека ќерките на вработените мајки обично заработуваат повеќе во зрелоста и имаат поголема веројатност да бидат вработени на менаџерски позиции. Студијата, исто така, покажа дека вработените мајки ги учат своите ќерки дека е можно успешно да се комбинираат кариерата и образованието.
Според студијата, мажите кои пораснале со мајки кои работат трошат 50 минути повеќе неделно помагајќи им на своите сопруги и грижата за членовите на семејството.
Друга важна точка нагласена во истражувањето е дека децата кои растат во семејства каде што се вработени двајцата родители ги избегнуваат родовите стереотипи.
Синовите на вработените мајки најчесто избираат вработени партнерки и на работното место жените ги третираат исто како и машките колеги. Од друга страна, ќерките на вработените родители немаат никаква вина кон сопствените деца затоа што знаат што значи да се биде дете на вработена мајка и знаат дека всушност е можно да се балансираат меѓу родителството и кариерата.
Извор: kajgana.com