Во првиот квартал Хрватска повторно забележа највисок раст на цените на станбените недвижности во ЕУ од година во година, објави Евростат.
Станбениот простор во Хрватска поскапе за 14,0 отсто на годишно ниво, потоа Литванија – 13,1 отсто и Бугарија – 9,5 отсто, пренесува Индекс.хр.
Цените на становите паднаа во првиот квартал само во шест земји од ЕУ, најмногу во Шведска – за 6,9 отсто, Германија – 6,8 отсто и Данска – 6,2 отсто.
Хрватска во последниот квартал од минатата година беше рекордер по годишен раст на цените на недвижностите во ЕУ и тие се зголемија за 17,3 отсто.
Извор: biznisinfo.mk