Луѓето што се решаат да побараат работа надвор од границите на својата држава, сакаат да знаат дека нивната одлука ќе резултира со подобар живот, квалитетна здравствена заштита, образование и инфраструктура
Според една студија, Сингапур бил прогласуван за најдобра земја за странски работници четири години по ред. Земјите биле рангирани врз основа на три категории: економија, начин на живот и семејство. На второто место се наоѓа Нов Зеланд, а на третото е Германија. Германија е земја со високи оценки за многу индикатори, и е број 5 во светот за практичноста на транспортот и здравјето. На листата се најдоа и Шведска и Швајцарија. Оваа скандинавска земја има добар квалитет на живот и одличен образовен систем, додека Швајцарија е број 1 во светот на безбедноста и број 3 во однос на транспортот.
Вака изгледа целосната листа на оние земји кои се најдобри за работа за странсите вработени:
10. Обединети Арапски Емирати(ОАЕ)
Обединетите Арапски Емирати се уште имаат многу високо платени позиции за странските вработени, кои обично се млади. Сепак, културата значително се разликува од западната. Исламските традиции и идеали ја прават земјата многу конзервативна, со строги правила на однесување на јавни места. Јазикот е тежок за многу странци кои едвај се дружат со локалното население и се интегрираат.
9. Тајван
"HSBC" го сумира следново: "Тајван може да биде најдобро чуваната тајна во светот на вработените во странски земји".
Платите таму не може да бидат екстремно високи, но трошоците за живот се ниски, што значи повеќе расположливи приходи, инвестиции и помалку долг. Речиси половина од оние што се преселија во Тајван тврдат дека овој потег им помогнал за го зголемат нивното лично богатство. Ако мислите да работите таму, подобро би било да научите мандарински или кантонски. Речиси 60% од странските вработени во Тајван зборуваат еден од овие два јазика, покрај англискиот.
8. Швајцарија
Животот во Швајцарија е прилично добар. Освен Алпите, скијањето, храната и чоколадата, зборуваме за земја која се рангира прва во категоријата – економија. Просечниот приход на странските вработени изнесува 144 748 долари. Високите плати се неопходни, бидејќи таму се е поскапо.
Сериозна причина за високото рангирање на Швајцарија е нејзината природа, која нуди многу активности, како во лето, така и во зима, Покрај тоа, патувањето е многу прифатливо. Земјата е многу блиску со воз од дестинации, како што се Франција, Германија и Италија.
7. Шведска
Странците што работат таму предупредуваат дека е потребно време да се навикнат на земјата. Атмосферските услови можат да бидат тешки, а луѓето се "ладни" додека не ги опуштите. Меѓутоа, студената зима има најдобар баланс помеѓу работата и слободното време во светот и вториот највисок рејтинг за безбедност на работното место. Земјата е исто така најдобро место за згрижување во светот, благодарение на ниската цена и високиот квалитет на грижата за деца.
6. Австралија
"Австралија им нуди на странските работници таков висок квалитет на живот што не сакаат да заминат", според "HSBC".
Учесниците во студијата велат дека квалитетот на животот таму е висок. Речиси 75% велат дека живеат поактивно отколку во своите матични земји. Ова веројатно се должи на доброто време.
5. Бахреин
За разлика од другите земји од Заливот, Бахреин не се потпира исклучиво на нафтата. Земјата инвестира многу во банкарската индустрија и во туризмот, што ја прави одлична дестинација за странските работници кои сакаат да се интегрираат во локалната култура.
"Локалните луѓе ги почитуваат и прифаќаат странските работници на многу пријателски начин", вели еден странец за "HSBC".
4. Канада
Канада е одлична дестинација за странските работници кои сакаат да се интегрираат во својата нова култура. Земјата си постави за цел да привлече 1 милион странски работници до 2020-та година.
"Канада е културно разновидна земја, Бидете отворени и толерантни за другите, но задржете ја вашата индивидуалност", вели еден странски вработен за "HSBC".
3. Германија
Германија е петта во светот меѓу најдобрите земји на чување на деца од странски вработени. Земјата, исто така има најниско средно ниво на работни часови недело (26 часа), што е причината над 70% од странските вработени да изјават дека преселувањето во земјата е подобрената рамнотежа помеѓу приватноста и нивната работа.
Германија се смета за многу безбедно место за живеење со многу стабилен политички систем и ниско ниво на криминал.
Странските вработени сепак се соочуваат со потешкотии со високите трошоци за живот и се жалат од општествениот живот, според "Business Insider".
2. Нов Зеланд
Нов Зеланд има второ најниско ниво на криминал во светот, според Светскиот индек на мирот за 2017-та година, и го дели првото место за најнекорумпирана држава во светот. Земајќи ја во предвид неверојатната природа, не е изненадувачки дека 60% од странските работници кои се селат во Нов Зеланд, го прават со цел подобрување на квалитетот на живот.
1. Сингапур
Сингапур е трет во економијата и петти во начинот на живот. Земјата е особено добра за воспитување на децата. За да успее човек во Сингапур сепак, мора да се насочи главно кон кариерата, бидејќи резултатите на земјата во однос на рамнотежата помеѓу работата и прватниот живот се ниски. Речиси половина од странските вработени известуваат дека стресот на работното место е поголем, отколку во нивните матични земји.