Infomax.mk објави анализа според која Македонија е на дното на листата на европски земји според платите во образованието, покажуваат податоците што ги објави Јуроњуз, преземени од Евридика, мрежа на Европската комисија за образовните системи во Европа.
Според последните комплетни податоци на Евридика за периодот 2020/2021, Македонија е на 33-то место од вкупно 36 држави со годишна бруто плата во образованието од 7.291 евро, односно околу 450.580 денари годишно или 37.550 денари месечно. Податоците на Државниот завод за статистика за 2023 година покажуваат зголемување на платите во образованието, па така во април бруто месечната плата изнесувала 49,218 денеари, односно 32.780 денари нето.
Полоши од Македонија на листата се само Србија со 6.646 евра годишна бруто плата, Босна и Херцеговина до 6.120 евра и Албанија со 4.233 евра. Едно место пред Македонија, односно рангирана како 32-ра е Бугарија со годишна бруто плата на просветните работници од 7.731 евро.
Целата анализа е на Infomax.mk
Добијте детална анализа на платите во Македонија во категоријата Образование, Наука и Истражување преку алатката за плати Моја Плата на ЛИНКОТ.