Управата за јавни приходи ја објави Листа на должници бр.07/2023 за долгови доспеани до 31.03.2023 и неплатени до 30.06.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.07/2023 објавени се 1785 должници – правни лица (повеќе за 18 од претходната листа) и 3413 физички лица (повеќе за 45 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2023 изнесува 8.711.691.182 денари, (повеќе за 230.721.048 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.528.229.561 денари, (повеќе за 214.057.472 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.461.621 денари (повеќе за 16.663.576 денари од претходната листа).
Целата листа погледнете ја тука.