Податоците покажуваат дека Tesla Model Y бил најпродаваниот електричен автомобил во светот во изминатата 2022 година, пред Model 3, кој инаку беше најпродаваниот електричен автомобил една година пред тоа (во 2021 година)…
Model Y освои 747.500 клиенти ширум светот во 2022 година, што претставува зголемување од неверојатни 91 отсто во споредба со претходната 2021 година - објави avtoklub.mk
От тоа дури 44 отсто од сите Мodel Y се продадени во Кина (вклучувајќи ги Хонг Конг и Тајван), додека продажбата во САД и Канада изнесува 34 отсто од вкупниот број продадени примероци на овој автомобил.
Регистрациите во Европа достигнаа 19 проценти со зголемување на обемот од дури 416 проценти.
Tesla Model 3 го зазеде второто место на листата на најпродавани електрични автомобили во 2022 година, со 482.200 пласирани до крајните клиенти
примероци. Од нив, 47 отсто се продадени во САД и Канада, 28 отсто во Кина (вклучувајќи ги Хонг Конг и Тајван) и 19 отсто во Европа.
За разлика од Model Y, продажбата на Model 3 падна за 3 проценти.
Инаку, овие два модели сочинуваа 95 отсто од глобалниот обем на Tesla за 2022 година.
Третата позиција ја зазеде кинескиот Wuling Hongguang Mini EV. Потсетуваме станува збор за микро автомобил со 443.400 продадени единици (+ 14,4 проценти).
Дел од популарноста на овој автомобил е поврзана и со неговата цена, но и со фактот дека тој стана идеално решение за мобилност за многу клиенти во Кина.
Мораме да потенцираме дека Volkswagen ID.4 беше најпопуларниот европски електричен автомобил минатата година. Неговата продажба се зголеми за 53 проценти на 175.600 единици (47 проценти од продажбата во Кина-Хонг Конг-Тајван, 39 проценти во Европа и 13 проценти во САД и Канада).
И конечно, треба да кажеме кои се најпродаваните електрични автомобили од Јужна Кореја. Hyundai Ioniq 5 е на прво место со 100.000 примероци (раст на продажбата од 121 отсто), по што следи Kia EV6 на второ место со 78.800 единици (+ 314 отсто) и Hyundai Kona EV на трето место со 56.700 примероци (минус 10 отсто).