Просечната нето плата во мај изнесувала 36,465 денари, објави денеска Државниот завод за статистика. По тој повод, редакцијата на rabotnik.mk направи анализа топ петте најплатените сектори и дејности коишто спаѓаат во нив.
Несомнено, на прво место е секторот Информации и комуникации, со просечна плата од 70,703 денари. Овој сектор го зазема првото место најмногу поради дејноста Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, каде платата изнесувала дури 90,536 денари или над 1,400 евра. Втора најплатена дејност е Телекомуникации со плата од 52,386 денари - сите огласи за работа во овие сектори можете да ги најдете на ЛИНКОТ.
Би можело да ве интересира: Огласи по градови во Македонија
На второ место е секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување, каде во мај платата изнесувала 53,792 денари. Во склоп на секторот, најплатените дејности се Финансиско услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 56,217 денари и дејноста Осигурвање, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување, во која платата изнесувала 49,171 денар - огласи од категоријата Економија, финансии и сметководство можете да најдете ТУКА.
Секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со плата од 48,302 денари е на третото место на листата на најплатени сектори. Во секторот, најплатена е дејноста која го носи неговото име со плата во истиот износ.
Стручни, научни и технички дејности е секторот кој со плата од 45,980 денари го зазема четврото место на листата. Најплатени дејности во склоп на секторот се Управувачки дејности; советување во врска со управувањето – 59,562 денари и Останати стручни, научни и технички дејности – 58,834 денари - Разгледајте ги работните места во категориите Електротехника (14), Инсталации, Одржување и Поправки (53), Производство и Занаетчиство (54), Сообраќај и Транспорт (39) и Сигурност и заштита (8).
На последно петто место е секторот Други услужни дејности со просечна плата од 45,847 денари. Во овој сектор, титулата најплатени дејности ја носат Дејности на организации врз база на зачленување – 51,375 денари и Други лични услужни дејности, каде платата изнесува 41,100 денари - Туризам и Угостителство (68 активни огласи ТУКА).
Сите категории на огласи можете да ги најдете на ЛИНКОТ.