Интересно е што цената на гирото веќе извесно време е мерна единица за македонските туристи за состојбите во Грција, оти истовремено им е и најомилената храна на македонските семејства. Годинава, цената на овој омилен оброк варира од 3 до 5 евра, а во Ханиоти може да се купи за само 2,8 евра. Во Калитеа е 4,1 евро, во Неа Каликратија е 4,4 евра, а во Сивири 5 евра. Во Пефкохори, гирото се нуди по цена од 4,7 евра, а во Неи Пори за 3,8 евра. Различни се и цените за лежалките на плажа. Така, може на плажата во Неи Пори да закупите две лежалки за 10 евра со пијачки, но на друга локација тоа задоволство да ве чини двојно поскапо – за 20 евра, како што е Сани Бич на Касандра
И годинава омилена туристичка дестинација за македонските граѓани е соседна Грција. Како што велат од туристичките агенции, речиси сите аранжмани за грчкото крајбрежје се распродадени до крајот на септември, иако годинава имаат голем интерес и за летување во Турција и во Египет со програмите и со чартер-летовите. За македонските туристи најинтересни се најблиските дестинации на полуостровот Халкидики, Неа Врасна, Аспровалта, Лептокарија, Неи Пори, Паралија, Олимпик Бич и островот Евија.
Годинава, секаде е забележан раст на цените на сместувањето, на храната, лежалките на плажа, кафето и пивото. Но, има неколку интересни приморски гратчиња каде што може да летувате за “багателни“ цени, во однос на оние кои се изгор за наш стандард, како што се Ханиоти на првиот крак – Касандра, Паралија и Неи Пори. Како што се пишува деновиве на социјалните мрежи, цените на храната и на пијалаците се пониски отколку во Хрватска и тешко може да се споредат со другите места во Грција, особено со оние на островите и на Пелопонез.
Популарното ледено кафе во Ханиоти чини од 1,5 до 2 евра. Од 2 до 2,5 евра чинат шолја еспресо, домашно кафе, леден чај и газиран пијалак. Цената на ладното чоколадо и на свежо цедениот сок од портокал е 3 евра. Може да се освежите со пиво од 330 милилитри за само 2 евра, а пиво поголемо од половина литар да ве чини од 2,5 до 3 евра. Половина литар вода чини половина евро, а во маркетите цел пакет од 1,5 литри вода чини од 1,5 до 2 евра.Во Ханиоти, сендвич чини 2,50 евра, парче пица и крофна 2 евра, а хот-дог – 1,5 евра.
Но, кога се оди во Грција, главното прашање што си го поставува секој Македонец е: Колку чини гирото во пита? Интересно е што цената на гирото веќе извесно време е мерна единица за македонските туристи за состојбите во Грција, оти истовремено им е и најомилената храна на македонските семејства. Годинава, цената на овој омилен оброк варира од 3 до 5 евра, а во Ханиоти може да се купи за само 2,8 евра. Во Калитеа е 4,1 евро, во Неа Каликратија е 4,4 евра, а во Сивири 5 евра. Во Пефкохори, гирото се нуди по цена од 4,7 евра, а во Неи Пори за 3,8.
Различни се и цените за лежалките на плажа. Така, може на плажата во Неи Пори да закупите две лежалки за 10 евра со пијачки, но на друга локација тоа задоволство да ве чини двојно поскапо – за 20 евра, како што е Сани Бич на Касандра. Во Пефкохори, на пример, не се наплаќа за лежалките, само нарачката, при што пивото чини 6, а фрапето 5 евра. Во Криопиги, пак, лежалките што се лоцирани во првиот ред на самиот брег се нудат фамилијарно и чинат 60 евра, а покрај кафе, вода и пиво, ви следува и храна како клуб-сендвич или пица парче - пишува vecer.press
Пред почетокот на годинашнава туристичка сезона, на Nikana.gr ги имаше цените на голем број понуди на храна во Грција. Така, беше наведено дека цената на гирото во 2023 година ќе биде меѓу 3,5 и 4,5 евра, додека гиро порција ќе чини од 7 до дури 10 евра.
– Литар млеко е 1,12 евра, а свеж леб од 1 евро, па нагоре. Свежата риба чини различно во зависност од видот, од 6 (сардина, гирици) до 20 евра за килограм, а топка сладолед од 1,5 до 2,5 евра, во зависност од слаткарницата – пишува Nikana.gr и дополнуваат дека цените на храната и на различните производи и услуги варираат од место до место, од остров до остров.
Така, гиро порција чини од 7 до 10 евра, сувлаки пита чини од 2,5 до 4 евра, а оброк во поевтините ресторани чини 10-15 евра, а оброк во поскапите ресторани – 30-50 евра.
– Една топка сладолед во едно од северните грчки одморалишта може да чини само 1 евро, но на Миконос може да биде многукратно поскапо. Факт е дека цените на грчките острови се генерално малку повисоки – забележува „Грција инфо“ и дополнува дека стандардната цена на една топка сладолед е од 1 до 2 евра, на пченка до 3 евра и на палачинка од 2,5 до 4 евра.
Цената на пицата е од 6 до 12 евра, а по истата цена е и скарата. Во обичните рибни ресторани, во зависност од видот на рибата, цената е од 8 до 60 евра. Октопод чини од 15 до 20 евра, а салатите од се меѓу 6 и 8 евра. Поволни се цените на домашните пилиња подготвени на скара, кои се продаваат од 3 до 5 евра. Домашните пива во грчките ресторани се поевтини, за разлика од увозните, за кои се наплаќа меѓу 4 и 7 евра. Може да се напиете чаша обично вино по нормална цена од 3 евра, а шише може да ве чини и до 30 евра. Коктелите, кои ги обожава младата популација, во ноќните барови чинат од 7 до 15 евра, а чаша жесток пијалак – од 3 до 6 евра.