Туристичките водичи од земјава се жалат дека туристичките групи кои го посетуваат Охрид не ангажираат локални туристички водичи, иако законот предвидува такво нешто. Многу туристички групи земаат туристички водичи од други земји.
Освен што тоа го оценуваат како сива економија, тоа што ги загрижува најмногу е тоа што странските туристички водичи погрешно ја толкуваат историјата на земјава.
Бараат Туристичкиот инспекторат да излезе на терен и да види каква е состојбата, бидејќи, како што велат, поважна е историјата од парите.
Домашните туристички водачи велат дека со ова доаѓаат и нови проблеми бидејќи секој ја раскажува историјата на свој начин.