
Во учебната 2023/2024 година, основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст.
На последната седница, Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.
– Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираат од Министерството за образование и наука.