Многу работни места беа отворени откако Канада го легализира канабисот за рекреативна употреба.
Компанијата Ahlot е во потрага по дегустатори на канабис, кои како и дегустаторите на вино, ќе можат преку пробување да ги откриваат суптилните разлики на видовите канабис и да ги опишуваат на своите клиенти.
Заработете 50 долари на час за да го оцените најдоброто од она што можеме да го понудиме, вели огласот за работа. Се бара познавач на канабис кој би можел да ги разбере и да ги изрази нијансите кои прават видовите да се разликуваат еден од друг.
Канада во средата стана втората земја во светот која го легализира канабисот за рекреативна употреба, а прва на западот. Безброј продавници почнаа со продавање на канабис и се надеваат дека нивните "познавачи" ќе помогнат во насочувањето на клиентите. Наскоро ќе има стотици брендови на пазарот и ќе биде тешко да се одлучите, вели шефот на Alhot, Грег Пантелиќ, објаснувајќи ја причината зошто се отвараат такви работни места.
Избраните кандидати ќе мораат редовно во писмена форма да ги известуваат работодавачите за различните видови на канабис, наведено е во описот на работното место. Ова подрабира работење надвор од дома.
Поради тоа, не е изненадување што има масовен број на пријавени кандитати.