Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, на Фејсбук објави дека од утре, 31 јули, почнуваа исплата на пензиите за овој месец.
„Продолжуваме со предвремено исплаќање на пензиите, јулските пензии ќе започнат со исплата на 31 јули! Од експозитурите на банките пензионерите ќе можат да ги подигнат пензиите во следните групи:
-31.07.2023 година за пензии со висина до 14.000 денари
-01.08.2023 година за пензии со висина над 14.001 денар
Пензионерите кои користат платежни картички со парите ќе располагаат од 31.07.2023 година.