Ако барате (подобра) работа летниот период е вистинското време за да ја постигнете целта
Барањето работа преку лето е многу смел, но и делотворен чекор. Понудата на огласи е многу разновидна, на работодавците сте им потребни во најкус можен рок, а и конкуренцијата за секое слободно место е многу помала. Прочитајте зошто треба да се активирате на пазарот на труд во текот на летниот период.
- Постојано има активни огласи и побарувачката за одредени позиции е поголема од вообичаено;
- Понудата за сезонска работа е многу разновидна;
- На работодавачите, посебно на оние кои бараат сезонци, итно им се потребни кадри што вас ви оди во директен прилог кога ќе преговарате за плата;
- Повеќето размислуваат: Ај да го истерам летово па од 1 септемри здравје ќе барам работа – предноста е ваша бидејќи на регрутерите им е смален изборот;
- Повеќето компании после летниот период бараат свежа сила за да го постигнат најдоброто во последниот квартал од годината, а тие кандидати се бараат токму во јули и август;
- Лугето од секторите за човечеки ресурси имаат помалку работа во компанијата(повекето с ена годишен одмор а и смален е обемот на работа) па имаат доволно време детално д аго прочитаат и разгледаат вашето Сv
- На интервју за време на летниот период работодавачите во просек посветуваат повеќе внимание на кандидатите во разговор и атмосферата е порелаксирана;
- Во речиси секоја компанија обемот на работа се зголемува во септември и октомври така што доколку успеете да се вработите во текот на летото, ќе имате време за да се адаптирате на новото работно место;
- Доколку менувате работа со прекин во стаж или пак за прв пат наоѓате работа, доколку го направите тоа пред 1 јули, на крајот на годината ќе имате право на К-15 и целосно користење на годишен одмор
- Да, навистина шансите да ја добиете работата која ја сакате е ако аплицирате докму сега, во време на летен период!