Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од денеска до недела (28.10.2018 година) во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии.
Станува збор за линиите 100 и 200 кои ќе сообраќаат до СЦ "Борис Трајковски", и истите ќе сообраќаат од Ново Лисиче и Дексион.
Линиите се воведуваат по барање на Скопски саем, за полесен пристап на посетителите на саемите "Технома", Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции "Реалекспо", стои во соопштението на официјалната страна на ЈСП.
Вака ќе изгледа возниот ред на двете нови линии:
Возен ред 100 (Ново Лисиче – СЦ "Борис Трајковски")
Од Ново Лисиче: 11:00ч, 12:20ч, 13:40ч, 15:00ч, 16:20ч, 17:40ч.
Од СЦ "Борис Трајковски": 11:40ч, 13:00ч, 14:20ч, 15:40ч, 18:20ч.
Возен ред 200 (Дескион - СЦ "Борис Трајковски")
Од Дексион: 11:20ч, 12:40ч, 14:00ч, 15:20ч, 16:40ч, 18:00ч.
Од СЦ "Борис Трајковски": 12:00ч, 13:20ч, 14:40ч, 16:00ч, 17:20ч, 18:40ч.
Саемите ќе бидат отворени секој работен ден од 10:00 до 19:00 часот. Цената на билетите е 80 денари, а за групни посети 40 денари. On-line билети може да се купат и преку мрежата на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk.