Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Како што информира УХМР, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18 степени Целсиусови, а максималната од 22 до 33 степени.
Во Скопје и во околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
УХМР најавува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури.
Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Од среда дневните температури ќе бидат во постепен пораст.