Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора бара од Владата да ги намали давачките за увоз на суровини за преработки од месо и да обезбеди ист третман со увозните компании во спротивно најавува затворање на капацитетите или нивно селење во соседството.
- Итно донесете ново продолжување на мерката или некој вид на трајно законско решение за намалување на царината на замрзнато свинско месо наменето за преработка и итно поставете еднакви услови за контрола и правила на игра за сите учесници на пазарот без разлика дали се домашни или увозни, рече Гоце Трајчев, претседателот на Групацијата за производство на месо и преработки од месо на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека од Владата наместо мерки и активности за подобрување на условите домашните производители добиваат казни од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), која домашните компании ги контролира според домашниот правилник за адитиви, а увозните според оние што важат во соседството или во ЕУ.