Сузана Кучина од Горни Милановац, Србија на свет донесе бебе рекордер - родила момче тешко 6.420 грама и долго 68 сантиметри.
„Ова е мое трето дете. Првите две беа со нормална тежина, околу 3.700 грама, но ова бебе нè изненади сите. Ќе го крстиме Павле“, рекла гордата мама за RINA.
Сузана истакнува дека бременоста била нормална, освен што било малку потешко да се движи. Павле е роден неколку дена по терминот.
„Можеби јадев малку повеќе солена храна и бев побавна“, додала таа.
Мајката ја породил д-р Драган Перишиќ, кој вели дека немало поголеми компликации. Пораѓањето започнало природно, но поради големината на бебето завршило со царски рез.
„Навистина ретко се раѓа вакво бебе“, вели д-р Перишиќ.
Инаку, во болницата во Горњи Милановац рекордот го држеше бебе кое при раѓањето пред неколку години тежело 5.900 грама.
Фотографиите од бебето можете да ги видите ТУКА.