Писателот и биограф на Илон Маск, Волтер Ајзаксон покажа делови од монтажната куќа на најбогатиот човек на светот. Сопственкот на „Твитер“ за неа платил 50.000 долари, пишува „Бизнис инсајдер“. Маск во 2020 година продал пет куќи и се преселил во монтажната во Тексас која има само две спални соби.
Книгата на Волтер ќе излезе на 12 септември и во неа ќе објасни зошто Маск ги продал куќите. Јавноста претходно имаше можност да слушне од него дека ги продал за помош во финансирањето да изгради колонија на Марс. Волтер откри делови од дневната соба од куќата во Тексас.
Монтажната куќа се наоѓа во близина на неговата компанија за лансирање ракети „Спејс икс“, во Бока Чика. Во неа има масичка за кафе и неколку декорации. Има скулптура во облик на ракета и неколку игри. Неговата јакна Plaid Mode на „Тесла“, виси на стол.
Има и постер за научно фантастичното списание „Неверојатни приказни“ закачен покрај неговата кујнска маса. Ова не е прв пат јавноста да го види домот на Маск. Минатата година, ја покажа ноќната маса со неколку лименки диетална кока-кола и два реплики на пиштол.