Грчкиот брег, некогаш познат по отворениот простор каде што сакате да положите пешкир, сега е преполн со чадори и лежалки, кои често се протегаат до самата вода, поради што граѓаните и актПрвата победа ја извојуваа жителите на островот Парос, кои избркаа закупец од дел од плажата.
На островот Наксос тројца бизнисмени се изведени пред суд поради узурпирање на плажата. Имено, тие без дозвола поставиле десетици чадори и лежалки на неколку плажи на само неколку метри од брегот.
Инспекцијата претходно реагирала на поплаките на граѓаните и ги отстранила лежалките и чадорите, кои повторно се појавиле веднаш штом инспекторите го напуштиле островот.
Министерот за национална економија и финансии Костис Хацидакис изјави дека нема да се толерира самоволно окупирање на плажите.