САД се издвојуваат на лош начин кога се во прашање законите за платено слободно време, а што се однесува до годишните одмори, тие се втори најлоши ширум светот за нудење најмалку денови.
На национално ниво, просечниот Американец добива 10 денови за одмор - сите државни празници како Меморијалниот ден и Денот на благодарноста - по една година служба. Кога е станува збор за бизнисот, просечниот американски работник добива уште 11 дена платен одмор во првата година во компанијата.
Во меѓувреме, познато е дека работниците во многу земји ширум светот, особено во Европа, одат на одмор со месеци. За многумина, тоа е благодарение на Директивата за работно време на Европската унија, која беше донесена на почетокот на 1990-тите и бара најмалку 20 работни дена платен одмор во сите земји на ЕУ.
Неколку земји нудат уште повеќе со закон, давајќи им на работниците повеќе од еден месец работни денови за одмор годишно. Тоа не ги вклучува платените државни празници, што, во некои земји како Шпанија, може да значи до дополнителни 14 платени слободни денови од работа секоја година.
А, ова се десетте европски земји кои на работниците им даваат повеќе од еден месец платен одмор годишно, според Организацијата за економска соработка и развој:
- Франција: 30 дена платен одмор годишно
- Обединетото Кралство: 28 дена платен одмор годишно
- Австрија: 25 дена платен одмор годишно
- Германија: 30 дена платен одмор годишно
- Данска: 25 дена платен одмор годишно
- Финска: 25 дена платен одмор годишно
- Норвешка: 25 дена платен одмор годишно
- Шпанија: 25 дена платен одмор годишно
- Шведска: 25 дена платен одмор годишно
- Португалија: 22 дена платен одмор годишно
Со оглед на културата на одмор што е приоритет во Европа, многу работници добиваат уште повеќе слободни денови од нивната компанија.
Кимберли Сорс (32) од Њу Џерси, се преселила во Шведска и работи за технолошка компанија. Додека на Швеѓаните со закон им се гарантирани 25 дена за платен одмор, нејзиниот работодавец додава уште неколку дополнителни денови за има до 30 дена платен одмор годишно.
Некои бизниси бараат од своите вработени да земат одреден број слободни денови за да се осигураат дека прават паузи од работа. Во Норвешка, Лене Винденес (28) добива 25 платен одмор годишно, а нејзината компанија бара од неа да земе три недели одмор во текот на летото помеѓу јуни и август.