Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година,усвоен од Владата на Република Македонија, за мерката Обука на работно место за познат работодавач, финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, на ден 19.03.2018 година, се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за евидентирани невработени лица
Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во мерката Обука на работно место за познат работодавач да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, каде редовно се евидентираат како невработени лица.
Со оваа мерка ќе се поддржуваат обуки за занимања (работни места) за кои е потребно основно или средно ниво на образование и за кои не се издаваат сертификати/лиценци.
Избраните кандидати ќе поминат тримесечна обука и истата ќе се спроведува во работните простории на работодавачите согласно Програма за обука предложена од страна на работодавачите. На учесниците во обуката ќе им се издаде потврда за спроведената практична обука.
Невработеното лице добива паричен надомест од 9.000,00 денари месечно, вклучувајќи и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Работодавачот има обврска да вработи најмалку 50 % од обучените лица и да не го намали вкупниот бројот на вработени лица на неопределено време со полно работно време во период од 6 месеци.
На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат социјална помош во текот на обуката. Ако корисникот на социјална помош е отпуштен од работа пред истекот на мерката, има право да се врати во регистарот на корисници на социјална помош.
Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на РМ, работодавачите и кандидатите.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, контакт телефонот 02-3111-850 на веб страната на АВРМ www.avrm.gov.mk или на веб страната на МТСП www.mtsp.gov.mk
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА