Од 1 јануари во Германија ќе стапат сет измени на трудовото законодавство со кое оваа држава ќе ги отвори вратите за доселениците
Во овој момент, најразвиената економија во Европа има недостиг од дури 1.2 милиони работници, а Бизнис заедницата ја обвинува бирократијата како виновник за загуба од 30 милијарди евра бидејќи голем број работни места остануваат празни.
Заедно со коалиционите партнери, канцеларката Меркел договорила од 1 јануари да се поедностави процесот за вработување на странски работници.
Новите измени предвидуваат личноста да може на шест месеци да дојде во Германија и на свој трошок да бара работа.
Во случај да има договор со работодавец во Германија, ќе добие работна, но и виза за престој, во германскиот конзулат на државата од каде доаѓа.
Засега овој вид на аранжман беше можем само ако работодавецот докаже дека на германскиот пазар нема работници за работа за кои се ангажира странец. Сега таа одредба се брише.
Според извештаите на владиниот и невладиниот сектор, работниците од екс ЈУ земјите се посебно барани. Таму ги почитуваат како вредни и одговорни.