Како што информираат од Министерството за здравство, за седум дена, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и им биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија.
Од пред една недела, ваква терапија може да добијат пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидната жлезда и со хипертензија. Министерот Меџити информираше дека по 9 години, посебна работна група ги ажурира упатствата за практикување медицина заснована на докази
Пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидната жлезда и со хипертензија од пред една недела, место кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар. Оваа поволност за пациентите во примарната здравствена заштита ја овозможи Министерството за здравство, со што нема потреба хроничните пациенти да чекаат за препишување на терапијата кај специјалисти, сега ја добиваат од своите избрани лекари.
– За една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и им биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија – информираат од Министерството за здравство за весникот ВЕЧЕР и дополнуваат дека станува збор за суштинска новина со која се унапредува процесот на обезбедување здравствени услуги за пациентите и за здравствените работници.
Според нив, за успешно да се реализира оваа мерка, донесен е нов правилник, со кој се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидната жлезда и оние со хипертензија. Со реформите во ПЗЗ се олеснува административниот товар, а, исто така, се намалува и притисокот врз секундарното и терцијарното здравство.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press