Повисоки плати за наставниците од 1 септември, најави министерот за образование и наука, на денешната прес-конференција.
Мотивацијата на наставниот кадар е меѓу еден од приоритетите на Министертсвото за образование и наука, рече министерот за образование и наука.
„Нивниот личен приход во 2022 и 2023 година го зголемивме 18,4 проценти и оваа политика ќе продолжи. Најавувам дека како резултат на дискусиите со репрезентативниот синдикат набргу ќе имаме ново зголемување на платите и тоа што се добива со општиот колективен договор, но исто така и усогласување со минималната плата. Во период од една година сите етапни покачувања на платите на наставниците овозможуваат пораст на нивниот личен приход над 35 проценти“, додаде Шаќири.
По најавите за протести, тој информира дека денеска во 14 часот ќе има состанок со Независниoт синдикат, а вчера реализирал состанок со СОНК.
Целиот текст прочитајте го на: centar.mk