Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се доенчиња.
Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година. Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.
Извор: vesnik.com