Виетнамски колекционер стана сопственик на најголемото шише виски во светот. Виет Нгујен Дин Туан на аукција купил шише од 311 литри 32-годишно „Macallan single malt“за 1,1 милиони фунти.
Досега анонимен сопственик на најголемото шише виски во светот, високо 183 сантиметри, бил виетнамски бизнисмен, кој веќе поседува колекција жестоки пијалоци вредна повеќе од 150 милиони фунти. Виет го купил шишето на аукција во Единбург, а сега добил сертификат од Гинисовата книга на рекорди, кој потврдува дека е најголемо во светот.
Виет е долгогодишен колекционер на ретки жестоки пијалоци и поседува многу од најретките и најстарите шишиња коњак и виски во светот.
Слободното време го поминувам собирајќи шишиња квалитетен пијалок и тоа трае со децении. Историјата и традицијата на правење виски на секое од нив му дава специфичност, а ова последното ме привлече со фактот дека е најголемото шише во светот“, рече тој.
Даниел Монк, трговец на големо на пијалоци, ја организираше аукцијата. Тој рече дека ова шише виски го добило името „Бестрашниот“ во чест на достигнувањата на 11 пионери британски истражувачи, чии слики се прикажани на етикетата на шишето.