Според информациите кои ги доги „Гласот на Америка“, од оваа наставна година има забележително помалку првачиња во училиштата во општините Аеродром и Центар. Тоа го покажуваат податоците што ги добивме од неколку општини.Бројот на учениците во прво одделение се намалил и по неколку десетици во однос на минатата учебна година.
Во Аеродром годинава имало 829 првачиња, додека лани имало 933 првачиња. Во општината Центар, пак, годинава имаат 564 деца во прво одделение, додека лани имале 609 новозапишани ученици.
Ситуацијата e „нешто подобра“ во Карпош, каде годинава се запишале 691 прваче, односно само 10 помалку од лани.
Извор: faktor.mk