Популарната Австралијка, пејачка и сопственичка на еден од најголемите хитови моментално, Кајли Миног, одлучила себеси да си дозволи малку опуштање, па моментално е во потрага по батлер којшто ќе ја следи на нејзините патувања во Велика Британија, Мелбурн и Лас Вегас.
И, да, тој ќе мора да поседува и сомелиерски вештини. Цел пакет за големата ѕвезда, а таа нема да му остане должна на својот вработен. Нуди одлични услови и астрономска плата.
Во последно време на радио постојано ја слушаме песната „Padam, Padam“, а доколку сте на социјалната мрежа ТикТок, нема да може да избегнете некоја од бројните кореографии кои се осмислени за оваа песна.
Со оглед на тоа што некогаш големата светска ѕвезда со новиот хит се врати во центар на внимание во јавноста и дека распоредот ѝ е преполн, зголемениот број на патувања е логичен.
А, 55-годишната австралиска поп-икона не сака повеќе работата надвор од сцена да ја презема сама, па одлучила да ангажира батлер којшто ќе го плаќа 55.000 фунти, односно 64.000 евра годишно.
За да го добие тоа што навистина ѝ треба, Кајли ангажирала агенција која треба да го пронајде идеалниот кандидат.
„Кандидатот ќе мора да патува со Кајли која живее во Мелбурн, но често е во Велика Британија. Таа исто така ќе поминува многу време во САД затоа што повремено ќе живее во Лас Вегас“, изјавил извор близок до пејачката, пренесува британски „Mirror“.
Уште еден услов за потенцијалниот батлер е тоа што тој мора да биде сомелиер, па славната пејачка се надева дека ќе успее ситуацијата да ја доведе во своја корист, со оглед на тоа што „во последно време многу добри работи се поклопиле во исто време“, како што самата таа изјавила за магазинот „Rolling Stone“.