ЈП „Градски паркинг“- Скопје денеска ја пушти во употреба апликацијата Parking.MK за зонско паркирање која ќе биде достапна за користење на IOS и ANDROID уредите.
Апликацијата, информираат од ЈП „Градски паркинг“, е бесплатна за симнување, едноставна за примена и нуди низа поволности, меѓу кои, можност преку ГПС прецизно и точно да се утврди локацијата на возилото на корисникот, а со тоа и зоната на паркирање, потоа брзо и безбедно плаќање со наведување на дебитна или кредитна картичка, листа на историја со плаќања и слично.
По воспоставувањето на трите начини на поедноставено плаќање на паркинг услугите преку СМС порака, QR код и грепки, новината која носи уште поголема леснотија за корисниците е мобилната апликација Parking.MK, велат од ЈП „Градски паркинг“.