Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе види ознака „Гарантирана цена“ и дополнително ќе знае дека производите со оваа ознака нема да можат да поскапат до 30 ноември, вели министерот Бектеши
Производите што ќе бифдат опфатени со владината одлука за намалување на цените ќе бидат посебно обележени со видлива ознака „Гарантирана цена“, која ќе биде и гаранција за потрошувачите дека тие нема да поскапат до 30 ноември. Утре се очекува на владина седница да биде усвоена листата производи за кои ќе важи правилото од минус 10 отсто на цените при што како основа ќе се земе состојбата на 1 август годинава.
Министерот за економија, денеска на прес конференција образложи дека идејата за означување на поевтинетите производи произлегла откако се направени сите анализи и дискусии со стопанските комори и сите чинители во делот на трговијата. Тој посочи дека Министерството за економија постапувајќи согласно Законот за трговија ќе ја дополни одлуката во делот на вршење на трговијата со цел да се овозможи обележување на сите производи кои утре најверојатно на седница на Владата ќе бидат наведени.
„Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе види ознака ‘Гарантирана цена’ и дополнително ќе знае дека цените што ќе бидат означени со оваа ознака нема да можат да имаат зголемување до 30 ноември“, рече министерот.
Тој додаде дека ова ќе биде поттик до сите чинители во секторот трговија, но и до производителите на прехранбените производи кои нема да бидат опфатени во утрешната одлука да се приклучат кон акцијата за намалување на цените. Тие самите до среда ќе можат доброволно да се пријавуваат за да добијат ваква ознака и да ги намалат дополнително цените.
Целиот текст прочитајте го на следниот линк: nezavisen.mk