На момент да заборавиме за Лондон, Париз, Берлин и другите големи градови на стариот континент. Имено, Европа изобилува со бројни помали (всушност, многу зависи од тоа како го сфаќате тој поим) градови кои вреди да се посетат.
Повеќето од главните атракции можат да се видат во еден ден, па доколку патувате во нивна близина, слободно скршнете од патот.
Шчечин, Полска
Седмиот по големина град на оваа словенска држава, всушност е непознат за огромното мнозинство патници, бидејќи секогаш е во сенка на повеќе познатите Варшава, Краков, Гдањск … Се наоѓа на границата со Германија, а прекрасно е да прошетате покрај брегот на реката и да се одморите во еден од многуте барови, со фино пиво или вотка.
Со оглед на неговата близина, често го посетуваат жителите на Берлин, бидејќи со автобус се потребни само два часа, а е поевтино место за опуштање од германската престолнина.
Градот е надалеку познат по Филхармонијата, па доколку веќе одлучите да го одите, а притоа уживате во делата на старите мајстори, задолжително „погодете“ и концерт.
Вадуц, Лихтенштајн
Земјата е толку мала, што човек со подобра кондиција може да ја изоди буквално за еден ден.
Сепак, и покрај тоа што е мала по „раст“, земјата е богата и убаво е да се живее овде, а нејзиниот главен град Вадуц, кој има нешто повеќе од 5 и пол илјади жители, е потценет скапоцен камен за сите патници кои го обожуваат алпскиот свет. Можете да хајкате по патеката „Gruschaweg“, која нуди спектакуларни погледи, а кога ќе огладните, почестете се со кралски оброк во ресторанот „Maree“, кој го краси мишелинска ѕвезда.
Бијариц, Франција
Добро, го посетивте Билбао, уживавте во баскиската кујна, го видовте прекрасниот музеј Гугенеим, но, сепак, би сакале да побегнете некаде. Е па, во Баскискиот залив, само од француската страна, се наоѓа градот Бијариц, до кој може да се стигне со автобус од Билбао за помалку од 3 часа.
Две работи се сигурни тука: сурфање и луд ноќен живот, па доколку уживате во барем една од нив, не е лоша идеја да се упатите кон Бијариц. Со оглед на тоа дека е град покрај море, секако дека е можно да се јадат фини оброци со морска храна, за што треба да го посетите „Bistro Toque Anglet“.
А доколку се одлучите за сурферски живот, школите се многубројни и тешко дека ќе згрешите при изборот.
Братислава, Словачка
Иако главен град на својата земја, Братислава не е особено голем, иако тука дефинитивно можете да поминете повеќе од еден ден. Меѓутоа, доколку се наоѓате во Виена, знајте дека овие града некогаш биле поврзани со трамвај, со оглед на тоа колку се блиску. Денес, сепак, можете да стигнете таму со воз за помалку од еден час.
Заедно со сите историски знаменитости, доколку сте од оние кои бараат одмор и добар пијалак, задолжително посетете ги лозјата и винариите во околината. Иако не се светски познати, словачките вина се и повеќе од добри. А, доколку не сте љубител на вино, јасно ви е дека овде тече и прилично многу пиво. „Modra Hviezda“ редовно се споменува како еден од најдобрите ресторани во градот.
Касерес (Шпанија)
Овој град е одличен пример за место каде што се измешале веројатно сите можни култури. Внимавајте сега – градот е основан од Римјаните, а денес е опкружен со градските ѕидини на Маори.
Стариот град е под заштита на „УНЕСКО“, а храната е многу вкусна, за што сведочи и податокот дека во 2015 година е прогласен за гастрономска престолнина на Шпанија. И покрај сето тоа, овој град на западот од земјата блиску до португалската страна сè уште не е под навала од туристи.
Она што нема да ве разочара е богатата понуда на штандовите на улицата со храна, а доколку сакате место во ресторан, тој по име „Хавиер Мартин“ има многу добар рејтинг.