Промена се врши и на работното време на јавните паркиралишта Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ, каде услугата паркирање ќе биде овозможена 24/7
Од недела, 1 октомври, јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ќе започне со зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува.
Согласно промените, работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот.
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, пак, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.
Од претпријатието информираа дека од недела се врши промена и на работното време на јавните паркиралишта Нова Македонија, Народен Фронт и АМСМ, каде услугата паркирање ќе биде овозможена 24/7.
„Градски паркинг“ апелира корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата.