Според официјалните податоци од 2022 година, работниците од Хрватска се најевтини на ниво на ЕУ, а во исто време се меѓу работниците кои работат најмногу часови неделно.
Но, тоа што тие работат најмногу не значи дека се и најпродуктивни, пишува Index.hr и додава дека, сепак, од горенаведеното не произлегува дека работниците во Хрватска „се во се полоша ситуација“, туку само што нивната позиција се подобрува побавно во споредба со работниците од другите земји на ЕУ.
Според Анкетата за работна сила на ЕУ, работниците во Хрватска обично работат 39,6 часа неделно, два часа повеќе од просечниот работник во земјите на ЕУ (37,5 часа неделно).
Само шест земји од ЕУ работат повеќе отколку во Хрватска, и тоа Грција (41 час), Полска (41 час), Бугарија (40,2 часа), Романија (40,2 часа), Португалија (39,9 часа) и Чешка (39,8 часа).
Најмалку се работи во Холандија, Германија, Данска и Норвешка, помалку од 36 часа неделно.
Извор: biznisinfo.mk