Во Црна Гора 43 дена трае лежечкиот натпревар за награда од 1.000 евра, а во борбата за првото место од 21 пријавени останаа уште тројца. Една од нив е Лидија Марковиќ која има 23 години и потекнува од Никшиќ. Како што вели, се чувствува „како да легнала вчера“ и ништо не и е тешко.
Воопшто не е тешко. Уште не се одморив и не планирам да станам. Ништо не е тешко. Дојдов овде да се одморам и навистина да уживам. Синоќа славевме илјада часа лежење. Ден 43 започна. Не се чувствувам како да лежам толку многу. Немам конкуренција“, изјави Лидија и откри какви биле правилата на ова натпреварување:
„Се е дозволено, само треба да лежиме. Во осум стануваме, имаме 15 минути пауза. Првата пауза ја користам во 10 часот наутро за да се тушираме, втората во 18 часот. Ја мијам косата, а потоа се враќам во кревет да ја исушам косата. Се снаоѓам лежејќи. Паузата после полноќ ја користам за тренинг. Потоа ја користам можноста да трчам што повеќе“, изјави таа.