Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари и ќе се продава по цена од 83,50 ден/литар.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 3,00 денари и ќе изнесува 85,50 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), не се менуваат.