Цигарите нема да поскапат од денеска туку од 1 јануари. Одлуката за промена на акцизата, но поскапувањето од 5 денари нема да се случи сега, туку од први јануари идната година.
Од Владата велат дека станува збор за недоразбирање во толкувањето на законските измени, поради што и дошло до некои медиумски објави за наводно поскапување на цигарите од денеска.
Инаку, со измените на Законот за акцизите, кој Собранието ги донесен на 3 октомври годинава, во член 124 се наведува дека од први јануари 2024 година заклучно со први јануари 2030 година, износот на специфичната и минималната акциза на цигарите од се зголемуваат за 0,23 денари по парче на први јануари, секоја година. На први јануари 2024 година износот на специфичната акциза на пури од овој Закон, се големува за 4 денари.