Семејствата трошат пари само за основни производи. Домашниот буџет не е доволен за повеќе. До крајот на годината 500 илјади граѓани ќе можат да трошат по 200 денари дневно. Битиќи повика на штедење...
До 510 илјади граѓани ќе може да потрошат не повеќе од 200 денари дневно до крајот на 2023 година. Повеќе од четвртина од државата ќе живеат во умерена сиромаштија. Ова го предвидува студијата на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој.
Платите растат, граѓаните и работниците се повеќе ја губат куповната моќ, велат од ССМ. Апелираат да се вратат парите на работниците за да нема сиромаштија во државата.
Според вицепремиерот за економски прашања Битиќи, доколку во последните три кризни години Владата не ги спроведеше мерките што ги спроведе за заштита на стандардот на најранливите групи, а потоа и зачувување на работните места, денес сликата ќе беше полоша. Битиќи зборуваше и за себе, како да се заштеди.
Според него, системските решенија се нужни за стабилност и предвидлив развој.