Подготовките на традиционалната домашна зимница започнаа, но со растот на цените се поставува прашањето дали е поисплатливо да се купи готов производ или пак да се подготви дома?
Пиперката, позната како ајварка на дел од Скопските пазари каде Канал 5 направи обиколка се движи од 45 до 60 денари за килограм, додека пак тегла ајвар во маркетите се движи од 120 до 450 денари. Поголемиот дел од пазарџиите со кои разговаравме велат дека оваа година заинтересираноста за купување на пиперки е помала за разлика од лани, бидејки луѓето најчесто се одлучуваат да купат готов производ од маркетите, но велат, домашниот квалитет е незаменлив. Дел од граѓаните кои ги затекнавме го делат ова мислење, но други пак сметаат дека е поисплатливо да се купи готов производ, со оглед на високите цени на пиперката, како и трудот кој треба да се вложи при подготовката.
Според Законот за јавна чистота, забрането е поставување на поставување ќумбиња на отворено и палење на оган на јавна површина, па дел од граѓаните напоменуваат дека од причина што немаат приватни дворови каде би можеле да го подготват ајварот , се одлучуваат да купат готов производ.