Гледано однадвор, се изгледа едноставно и забавно. Само инволвираните знаат под каков стрес се изведуваат работните активности, каков е притисокот од поставените или зададени рокови. Тука се часовите и деновите кои се минуваат во седечка положба, па болки во вратот, рамената, кичмата.
Програмерите имаат просечна плата од 1.550 евра. Со години наназад суверено го држат врвот во делот од статистиката која ги регистрира и обработува податоците за месечните примања на вработените. И секогаш просекот во секторот информации и комуникации од високо ги гледа другите под него. А, тоа е така, затоа што ИТ компаниите кои нудат одлични плати и невообичаени работни услови се во постојана потрага по квалитетен кадар.
Затоа, во ИТ светот се е натпросечно. Квалитетот продуцира квалитет. Притоа, не е пресудно дали вработените се со комплетирано високо образование или завршиле курсеви. Во оваа област е докажано дека само со континуирана работа може да се досегне до завидно ниво на знаење. Потребно е да се учи и пред и по вработувањето. Едноставно, оваа индустрија ги „гази“ оние кои заостануваат. Како што важи за лекарите дека учат цел живот, истото е и со информатичките струки, само што новите знаења и вештини овде треба да се апсорбираат со поголема брзина. Се работи за долготраен процес кој тражи големи вложувања за разлика од некои други професии. Но, има и уште една голема разлика – сиот напор повеќекратно се враќа.
Гледано однадвор, се изгледа едноставно и забавно. Само инволвираните знаат под каков стрес се изведуваат работните активности, каков е притисокот од поставените или зададени рокови. Тука се часовите и деновите кои се минуваат во седечка положба, па болки во вратот, рамената, кичмата. Платите се големи, но сето тоа ги „троши“ вработените. Без оглед дали во канцелариски или домашни услови. Поради тоа компаниите им обезбедуваат низа поволности – плаќаат приватно здравствено осигурување, создаваат услови за рекреација, релаксација и опуштање…
Порталот „Пари“ во соработка со платформата БизнисМрежа.мк направи анализа на ИТ компаниите со 100 насто македонски капитал, од аспект на бројот на вработени и просечните месечни плати.
КАДЕ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПЛАТИ?
Кај топ 5 со највисоки месечни примања , просечната плата е 2.100 евра. Интересно е дека освен една, другите четири компании што се издвојуваат по висината на платите не котираат во првите петорки според добивката, приходите и вработените.
Целиот текст ОВДЕ