![По 14 илјади денари треба да ви легнат на сметка](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/05/6f8e3e50-resize-820x0x100.jpg)
Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари.
Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.
Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.
Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15.