Уставниот суд на Црна Гора ги укина одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои се предвидуваше пензионирање на мажите на 66 години, а на жените на 64 години, со минимум 15 години стаж.
Одлуката е испратена на објавување во Службен весник, по што ќе стапи во сила. По бришењето на оваа одредба, на старосна пензија може да се оди само со полни 40 години стаж на осигурување, пренесуваат црногорските медиуми.
Уставниот суд наведува дека Владата е должна во рок од еден месец од денот на објавувањето на одлуката во Службен весник да достави предлог закон до Собранието на Црна Гора со кој ќе се уреди правото на старосна пензија на осигурениците – мажи. а жените – согласно Уставот, согласно ставовите изнесени во оваа одлука“.