Со доаѓањето на есенскиот и зимскиот период се зголемуваат шансите за појава на грип и настинки. Истражувањата покажуваат дека ваквата состојба може многу лесно да се реши без да се користат разни видови на лекови и антибиотици.
Станува збор за намирница која сите ние ја имаме во нашиот дом. Лукот како таков е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години. Се смета дека помага при срцеви заболувања, високо ниво на холестерол во крвта, висок крвен притисок и рак. Во 2007 година, BBC објави дека лукот може да се користи во превенцијата и борбата со настинката. Благодарение на селенот и витаминот Ц, со конзумирање на лукот вие го зајакнувате имунолошкиот систем.
Доколку сте загрижени за непријатниот мирис, испијте сок од лимон или грицкајте свеж магдонос неколку секунди за да го елиминирате непријатниот здив.