Извршниот директор на „Citadel LLC“, Кен Грифин, ја доби титулата „најдобар работодавец на светот“ бидејќи ги почестил своите вработени и нивните семејства по повод јубилејот на компанијата.
Една од водечките инвестициски компании приредила огромна прослава на која настапиле познати музички групи како „Maroon 5“ и „Coldplay“, но тоа било само почеток.
Грифин ги известил вработените од 6 азиско-пацифички претставништва (вкупно 1200 лица) дека ќе организира 3-дневна обиколка на „Disney World“ во Јапонија.
Не само што вработените добиле бесплатно патување од соништата, туку и нивните семејства, вклучително 300 деца.
Инаку, еднодневен билет за посета на „Disney World“ изнесува помеѓу 50 и 70 евра, што значи дека сопственикот (дневно) потрошил повеќе од 70.000 евра. Но, во оваа сума не се вклучени трошоците за семејствата и децата, како и разните додатоци кои ги имале на располагање, пренесува „Daily Star“.
Минатата година, Грифин финансирал слична прослава за вработените во САД и Европа, кои уживале во обиколка на „Disney World“ во Орландо.
Во декември, тој им платил на вработените летови за Њујорк, Хјустон, Париз, Цирих и други дестинации, со покриени трошоци за хотели, храна, паркинг услуги и многу друго.